Архива на новости
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти

Регионална конференција за поддршка на семејства и деца Роми во социјален ризик 

На 25 и 26 септември, СОС Детско село Македонија организираше Регионална конференција за поддршка на семејства и деца Роми во социјален ризик преку Програмите за зајакнување на семејства. На конференцијата земаа учество 7 земји од регионот (Албанија, Македонија, Србија, Босна, Косово, Романија, Бугарија и Босна и Херцеговина) како и претставници на СОС Детски села Интернационал и Фондацијата Херман Гмајнер, Германија.

Целта на конференцијата беше зајакнување на соработката и размена на искуства помеѓу учесниците со цел подобрување на нашите сегашни и идни програми, кои ќе резултираат со значително влијание во животот на децата и семејствата Роми. 


Во рамките на оваа конференција беше организирана посета на Општина Шуто Оризари при што учесниците имаа можност да разберат за предизвиците на оваа заедница во областа на образованието, вработувањето и инфраструктурата директно од Градоначалникот Курто Дудуш и главните засегнати организации и институции во заедницата, директорката на градинката „8 април“ - Сонѓул Шабан, Директор на ОУ Браќа Рамиз и Хамид - Алвин Салимовски и координаторот од НВО ИРИС- Амет Јашаровски. 

Им се заблагодариме за поддршка на сите нив, како и на нашите национални експерти Васка Бајрамовска Мустафа и Ебен Фредман кои придонесоа со своето искуство и експертиза за националните политики, но исто така и регионален развој и податоци за предизвиците со кои се соочуваат заедниците на Роми.

СОС Детско село Македонија од 2009 година активно работи во општина Шуто Оризари имплементирајќи ја програмата за Зајакнување на семејства преку својот Советодавен центар за родители и деца. Учесниците имаа можност да го посетат центарот и дознаат за активностите насочени кон подобрување на ситуацијата на децата и семејствата во социјален ризик, вклучување во образовниот систем како и  поддршка во нивно економско зајакнување и осамостојување со цел да превенираме децата да ја загубат грижата од своите семејства.