Архива на новости

Трчај со срце

Купи километри на Skopje Run 10K за себе или за десетиците амбасадори затоа што #СекојКилометарЗначи за СОС Детско село
Трчањето во Скопје станува секојдневие, а време е хуманоста да го достигне истото ниво со #СекојКилометарЗначи!

Прочитај повеќе...

14
СЕП
2018

Оглас за семеен советник

Приватната установа СОС Детско село Скопје која обезбедува топол дом и грижа за деца и млади без родители и родителска грижа прави и превенција на деца и младинци од губење на грижата на своите биолошки родители, огласува едно работно место на определено време во Програмата за социјална превенција.Во склоп на СОС програмата за превенција од запоставување на грижата за децата во примарни/биолошки семејства, функционира Советодавен центар за родители и деца во населбата Шуто Оризари, Скопје, каде за успешно реализирање на активностите потребен ни е 1 Семеен советник на определено време:

СЕМЕЕН СОВЕТНИК (CASEWORKER)


Прочитај повеќе...

11
СЕП
2018

Повик за креирање на портфолио на услуги

 СОС Детско село Македонија идентификуваше потреба од креирање на портфолио на услуги со цел подобрување на квалитетот на услугите, зајакнување на пристапот и унифицрање на практиките во секојдневната работа.

Прочитај повеќе...

11
ЈУЛ
2018

Оглас за Советник за програмски развој

СОС Детско село Македонија е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село Македонија огласува слободно работно место на определено време од една година со можност за продолжување на неопределено време:
СОВЕТНИК ЗА ПРОГРАМСКИ РАЗВОЈ  

Прочитај повеќе...

23
ЈАН
2018

Новогодишна кампања Место со срце

Сите ние имаме свое омилено место. Mесто на кое со радост постојано му се враќаме. Mесто во кое со мерак си го пиеме омиленото кафе и споделуваме убави мигови низ мезе со нашите блиски. Нашето oмилено место ни е место кое има посебна душа, МЕСТО СО СРЦЕ. 

Прочитај повеќе...

20
ДЕК
2017
123...33                                  

Фудбалска екипа на СОС Детско село на Светскиот фудбалски куп во Полска

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

Изигравме 4 натпревари, во кои екипата на Босна ја победивме со рекордни 7:1, со Виетнам изигравме нерешено, а со силните Холандија и Полска лавовски се боревме до последните секунди, сепак среќата беше на нивна страна. 


Иако не извојувавме едно од првите места, еден од пехарите беше резервиран за нас, и тоа не било кој, туку највеселиот. Нашиот Лулхан го доби пехарот за најзабавно и најрадосно дете учесник на фудбалскиот куп, меѓу 220 фудбалери од 22 земји учесници.


Вториот ден-на доделување на наградите, присуствуваше и македонската ВД Амбасадорка во Полска, га. Горица Атанасова Ѓоревска, со семејството. Таа доби плакета и се обрати кон публиката со поздравен говор.


На заминување, ја посетивме македонската амбасада и децата имаа можност да поразговараат со амбасадорката за своите идни планови, амбиции, но и да се информираат за активностите на амбасадата. Соработката на СОС Детско село со Амбасадата на Република Македонија во Полска, продолжува и веќе се планира реализација на интересни иницијативи на нашата ВД Амбасадорка во Варшава.


Фудбалерите се вратија назад со полни срца, нови пријателства и прекрасни спортски спомени за цел живот. Се гледаме следната година во Варшава! 

Огромна благодарност до нашите пријатели Фалкон Травел, Спорт Визион Македонија, Спорт М, Скопје Мериот Хотел, и ПД Алеа кои ни помогнаа да го организираме ова незаборавно спортско патување!

Повик за консултанти/организации за спроведување на „АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК“

СОС Детското село Македонија е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.Целта на анализата на состојбата со правата на децата (CRSA) е детален опис на степенот до кој се практикуваат правата на децата и анализа на пречките и можностите за нивно остварување. CRSA ќе ги опфати сите аспекти, вклучувајќи ги и оние на децата и младите луѓе. CRSA е појдовна основа за реакција и одговор кон подобрување на состојбата на децата од целна група. Вршењето на CRSA е одлична можност децата да бидат во центарот и да се истражи нивната ситуација и во целост да се добијат нови сознанија и подлабоко разбирање за тоа што влијае врз нивните животи, да се потенцираат и да се адресираат најранливите групи на деца и семејства и да се идентификуваат можните идни активности.

Профил на консултантот/организацијата

Консултантот кој ќе ја спроведува оваа проценка треба да има компетентност и искуство во спроведување на проценки и истражувања

Консултантот треба да има темелно разбирање за децата во ризик и детски права, социјалната заштита и законодавството, политики и стратегии поврзани со оваа целна група,

Најмалку 5 години докажано искуство со партиципативни истражувачки методи, собирање на податоци и примена на методологии.

Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи, како и интерперсонални вештини.

Добро владеење на англискиот јазик.

Консултантот кој учествува во повикот за спроведување на „АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК“ треба да ја посети веб-страницата на СОС Детско село Македонија www.sos.mk за повеќе информации и да ги преземе референтните услови (terms of reference) со цел да го изработи предлогот.

Заинтересираните кандидати се бара да достават:

1. Писмо за изразување на интерес

2. Кратка биографија / Curriculum vitae за сите вклучени во анализата

3. Краток опис на предлогот. Краток опис на методологијата на истражувањето и анализата, кој треба да содржи информации како што се бара во референтните услови (terms of reference). Условите на повикот обезбедени од СОС Детско село Македонија ги содржат основните информации за креирање на предлогот / краткиот опис. 

4. Повеќе информации може да се побараат од Зоран Богдановски на zoran.bogdanovski@sos.org.mk 

Ве молиме испратете ги документите за аплицирање до 29 Септември 2017 година на адреса СОС Детско село Скопје, ул. Финска 131, 1040 Скопје.

Документите за аплицирање треба да се доставуваат во запечатен плик со наслов: Консултантски услуги за спроведување на „АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА СО ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК“.

Кандидатите ќе бидат информирани за резултатите од изборот најдоцна до 06 Октомври 2017 година.

Референтните услови за оваа анализа ќе ги најдете на слениов линк.

Повик за консултант за подготовка на Надворешна проценка на проект „LOVELY HOME FOR EVERY CHILD – ESSENTIAL FAMILY LOVE“



СОС Детското село Македонија е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

Проектот беше насочен кон зајакнување на капацитетите на згрижувачките семејства во Р. Македонија, зајакнување на капацитетите на професионалците во секторот на социјална заштита,  можности за зголемување на ресурсите за згрижување во Р. Македонија и унапредување на системот на социјална заштита во сегментот на згрижување на деца и стандардизација на згрижувањето во Р. Македонија.

Целта на  надворешната проценка е да го процени влијанието кое овој проект го има направено со неговото спроведување. 

Профил на консултантот/агенцијата

Лицето (а) кое ќе ја спроведува оваа проценка треба да има компетентност и искуство во спроведување на проценки и истражувања.

Лицето треба да има темелно разбирање за децата во ризик и детски права, социјалната заштита и законодавството, политики и стратегии поврзани со оваа целна група,

Најмалку 5 години докажано искуство со партиципативни истражувачки методи, собирање на податоци и примена на методологии.

Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи, како и интерперсонални вештини.

Добро владеење на англискиот јазик.

Експертите кои учествуваат во повикот за проценка на проектот "LOVELY HOME FOR EVERY CHILD – ESSENTIAL FAMILY LOVE" треба да ја посетат веб-страницата на СОС Детското село Македонија www.sos.mk за повеќе информации и да ги преземат задачите за проценка со цел да го изработат предлогот.

Заинтересираните кандидати се бара да достават:

1. Писмо за изразување на интерес

2. Кратка биографија / Curriculum vitae

3. Краток опис на предлогот. Краток опис на методологијата на истражувањето и анализата, кој треба да содржи информации како што се бара во (terms of reference). Условите на повикот обезбедени од СОС Детско село Македонија ги содржат основните информации за креирање на предлогот / краткиот опис. 

4. Повеќе информации може да се побараат од Марио Јанчев на mario.jancev@sos.org.mk

 Ве молиме испратете ги документите за аплицирање до 1 октомври 2017 година на адреса СОС Детско село Скопје, ул. Финска 131, 1040 Скопје.

Документите за аплицирање треба да се доставуваат во запечатен плик со наслов: Консултантски услуги за надворешна проценка на проектот "LOVELY HOME FOR EVERY CHILD – ESSENTIAL FAMILY LOVE".

Кандидатите ќе бидат информирани за резултатите од изборот најдоцна до 20 октомври 2017 година.

Референтните услови за оваа анализа ќе ги најдете на следниов линк.

Трчај со срце


Една од трките на тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови Скопје, е и Skopje Run 10K која ќе се одржи во недела, 7-ми октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје, со почеток од 09.00 часот. Оваа трка отвора едно уникатно поглавје во кое се вклучија десетици познати личности. Заедно со СОС Детско село тие брзо чекорат кон зголемување на нивото на филантропија и здравиот начин на живење во Македонија. 


#СекојКилометарЗначи со помош на амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов цели кон зголемување на основната човекова доблест, хуманоста. 


Сега секој ќе може да донира за СОС Детско село со тоа што ќе купи километри на Skopje Run 10K. Само треба да се преземе првиот чекор и да се направи  профил на https://www.smartrace.club/. Кога ќе се избере трката Skopje Run 10K се отвораат неколку можности меѓу кои и купувањето на километар за себе (ако некој се пријавил да трча) или за некој од амбасадорите. Со профилот може да се купат од 1 до 10 километри, по цена од 100 денари по километар. Воедно, и покрај големиот интерес, сѐ уште е отворена опцијата да се купат dry – fit маици од Skopje Run 10K, од кои 100 денари се донираат во истата цел.


Чекор по чекор, секој може да стане дел од #СекојКилометарЗначи и да ги поддржи СОС Детско село во нивната мисија, а воедно и да го подобри својот спортски начин на живот преку учество во Skopje Run 10K.


За повеќе информации може да се посетат: http://www.sos.mk/, http://skopje.run/, https://www.facebook.com/SkopjeRun/, https://www.facebook.com/detskoselomkd/. 
За преземање на официјалната Фејсбук рамка достапен е следниов линк: http://bit.ly/2O9IXcQ


Во склоп на кампањата Катарина Ивановска порача, „Сакаме овој настан да има сериозно влијание врз нашето општество. Веруваме дека кога си добар кон другите и другите ќе бидат добри кон тебе. Време е да креираме столб на кој нашите деца ќе се потпрат во нивните напори да го подобрат светот во кој ќе живеат.“ Таа додаде дека сите кои ќе купат над 4 километри ќе добијат Парго маица.